Кошаркарите на Пелистер оптимистички расположени го очекуваат денешниот дуел во Сомбор против екипата на Џокер, во рамките од четвртото коло од АБА2 лигата.
Пелистер има скор една победа и два порази, а српскиот тим пак има три победи, но тоа е само мотив повеќе за тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници со добра игра вечерва во Сомбор да му го нанесат првиот пораз во АБА2 на клубот зад кој стои најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ.-Извлековме поуки од првиот меч, скокот одлучи во тој дуел. Ако го исконтролираме тој дел од играта и ја спречиме нивната транзиција, имаме шанса за добра игра и се надеваме на победа. Атмосферата во соблекувалната е одлична, имаме мотиви за победа, овој натпревар многу ни значи. Повторно имаме проблеми, нема да може да настапат Бојиќ и Бошалевски, но нема да бараме алиби, подготвени сме да одиграме добар меч и ако ни се укаже можност да славиме победа, изјави тренерот Александар Петровиќ.
Мајк Едвардс, центарот на Пелистер со оптимим гледа на вечерашниот натпреавр и вели:
-Знаеме што е потребно да славиме на овој натпревар. Работевме напорно, трениравме и подготвени сме да дадеме се од себе за посакуваниот резултат. Клучно ќе биде да се одигра интензивно во одбраната, физички да одговориме на нивната игра, да го затвориме просторот во рекетот. Скокот треба да ни биде на повисоко ниво, верувам дека имаме она што е потребно за да се радуваме на крајот.