Тони Коњановски, градоначалникот на Битола, денеска изврши увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки, кој влегува во завршна фаза на обновување, заедно со секретарот, директорот на “ЕСМ Молика“ и претседателот на ПСК Пелистер.
По извршениот увид Коњановски вели:
-Извршивме увид во градежните активности на планинарскиот дом “Копанки“ кои влегуваат во финалната фаза. Во моментот се привршуваат активностите за заокружување на карабината со покрив. Во следните две недели ќе продолжи поставување на лим на кровот и ѕидањето на страничните калкани. Следна фаза е застаклување и внатрешно уредување на објектот кое се очекува да биде завршено до крајот на идното лето.
-Битола се гради повеќе од секогаш, а една од најзначајните активности е и обновување на планинарскиот дом “Копанки“, култно место за битолчани кое го реализиравме заедно со ПСК Пелистер од Битола, додава Коњановски.

Коњановски на увид на градежните работи на “Копанки“, им се враќа на битолчани култното место на Пелистер
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одржан традиционалниот “Битолски бал“ по 37. пат во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер на домашен терен од тимот на Штип (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- СВР Битола: битолчанец со “мерцедец“ возел со 3,23 промили алкохол во крвта, возел без возачка и без регистрација и направил сообраќајка на “Илинденска“
- Денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден (“Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“)





