Press "Enter" to skip to content

Нов дрвен мост на реката Драгор во Битола

Битолчани по краток период поворно можат да го користат мостот на реката Драгор, над Горната гимназија, кој е нов, а екипи на јавното комунално претријатие “Нискоградба“ од Битола за рекордно време го направија.

Поради оштетување екипите целосно го заменија со нов, сега мостот има нова железна основа и дрвена површина.

Од КЈП “Нискоградба“ истакнуваат дека за брзо време се обновени три моста на реката Драгор кај “Кланица“, кај “Рибарниците“ и над Горната гимназија, а ќе се поправа и дрвениот мост  за влез Старата битолска чаршија.

More from ВестиMore posts in Вести »