Денес, сабота, 7 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, Попладне облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени.
Утре, недела, 8 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 11 степени.






