-Во чест на Св. Нектариј, во црквата “Света Богородица“, се одржа свечена богослужба, а претходно во Народниот театар се одржа свечена седница. По свечената божествена литургија во црквата “Св. Димитрија“ се одржа литија низ градот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Централен настан на одбележувањето беше литијата која ја предводеше Владиката Петар заедно со тогашниот градоначалник на Битола – Владимир Талески.
Свештенослужители од црквата “Св. Димитрија“ од Битола ги носеа светите мошти, знамиња и икони го одбележаа Денот на заштитникот на Битола низ Широк Сокак, за повторно да се вратат во црквата.
Тогаш беше најевено дека во центарот на Битола, до Градскиот часовник ќе се гради црква, посветена на заштитникот на Битола “Св. Нектариј Битолски“.
Инаку, заштитникот на градот Битола, свети Нектариј, живеел во времето кога Турците ја поробиле Битола. Роден е 1430 година. По налетот на турските војски, неговото семејство го напуштило градот, така што неговиот татко со двете деца заминал во манастирот “Св. Кузман и Дамјан“, а младиот Нектариј се замонашил во Света Гора, а во своите молитви непрестано се молел за здравјето и среќата на битолчани.
Откако ја открил својата видовитост тој станал заштитник на бракот и плодноста кај народот. Своите искушенија тој ги надминал благодарение на неговиот духовник на Света Гора, Дионисиј.
Во 2008 година Битола го прифати предлогот на владиката Петар, Св. Нектариј Битолски да биде заштитник на градот.

Деновиве пред 10 години: одбележан Св. Нектари, заштитникот на Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Праведна енергетска транзиција на локално ниво: работници, заедници и дијалог
- Меѓународна студентска конференција на УКЛО 2025
- СВР Битола: битолчанка погодена со тврд предмет на натпревар, во село Трновци пронајдени пневматско оружје, сигнален пиштол, рамка и 62 парчиња муниција
- Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 11 степени





