Press "Enter" to skip to content

Христо Василевски – сенироски првак, Илија Димовски – јуниорски, Лонгиони од Битола екипен победник во билјард за 2024 година

-Билјард федерацијата на Македонија на свечена церемонија ги прогласи најдобрите во сениорска и јуниорска конкуренција, Лонгиони екипен првак, а покрај двете титула има и одлични поединечни пласмани.

Екипното првенство го означува крајот на сезоната во билјард, а како никогаш досега битолскиот клуб Лонгиони со нетрпение го очекуваше овој настан за да испише историја.

Екипното првенство се одржа овој викенд во “Гран клуб“, а настапија 21 екипа по три члена, а секој клуб може да пријави неограничен број на екипи.  Лонгони се претстави со четири тима, а диригираниот жреб налага да во првото коло не може да играт тимови од ист клуб. Се играаат дисциплините “8-ка“, “9-ка“ и “10-ка“, и доколку е потребно парови “9-ка“ и парови “10-ка“.

Секоја дисциплина ја игра различен играч и паровите треба да се различни. За секој меч тим пред почетокот на истиот екипите пријавуваат кој играч, која дисциплина ќе ја игра. Се играат сетови до 5 добиени “фрејма“, а победува онаа екипа која прва добие три сета, а во подоцнежната фаза сетовите се играат до 6 добиени “фрејма“ во полуфиналето, односно 7 добиени “фрејма“ во финалето.Двете најквалитетни битолски екипи стигнаа до четвртфиналето, а останатите немаа така забележителен настап.

Екипата на Лонгони со четвртото место на Илија Димовски, третото место на Илче Трајковски и со шампионот Христо Василевски во конкуренција на сениори како и шампионот Илија Димовски во јуниорска конкуренција издоминира па со тоа уште повеќе ја нагласи фаворитската улога на овој завршен турнир.

После рутинските и чисти победи во четвртфиналето и полуфиналето мирно се чекаше противникот во големото финале каде за противник го имаше тимот “Гран клуб 1“. Тимот “Лонгони 1“ го имаше можеби најсилниот состав кој се појавил на екипно првенство во кратката историја на македонскиот билјард претставен од капитенот Илче Трајковски – искусен и прекален играч, исклучително добар играч за во парови и третопласиран во генералниот пласман, Илија Димовски – јуниорски Шампион, четвртопласиран во Сениорска конкуренција како и две петти места на европското првенство ин ајдобар македонски играч шампионот Христо Василевски, двократен балкански првак.

Беше тоа тежок меч и на “Хил Хил“ завршница при резултат онака како што само шампионите знаат после прекрасното разбивање од Илија Димовски на кое “влегоа“ три топки на кое следеше прекрасен многу тежок погодок од Христо па рутинска завршница.

Со оваа победа Лонгони стави точка на сезоната и направи успех кој може само да се повтори што е претешко но не и да се надмине. Со “тројна круна“, со јуниорски шампион, сениорски шампион како и екипни прваци поставува нови стандарди тешко повторливи за нас како клуб па камоли за конкуренцијата.

Судии на турнирот беа Горан Петровски – главен и одговорен, а асистираше Горан Думевски, двајцата од Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »