Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна штета врз Буџетот во висина од 2,8 милиони денари, соопшти Царинската управа.
Имено, на ден 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршија претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лице од Ресен. При извршениот претрес пронајдени се околу 259 килограми режан тутун. Извршени се и контроли на градскиот пазар при што од друго лице од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун.
Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Битола извршен е претрес на помошни простории што се користеле како гаражи при што се пронајдени околу 283 килограми режан тутун. Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од друго лице, извести Царинската управа.

Царинска управа: голема акција во Битола и Ресен, запленети 780 килограми режан тутун, три лица ќе одговараат кривично
More from ВестиMore posts in Вести »
- НТБ Битола вечерва со премиера на “Магбет“ свечено ќе го отвори Шекспир фестивалот и ќе го прослави 81. роденден (фото)
- Дијабет на работа- обука за вработените во Подружница РЕК “Битола“
- “Bv Business Group“ ги избра победниците на поетскиот конкурс “Есен во Битола”
- Битола прв град во земјата со современ пристап кон управување со отпад
- Во Битола сончево, температурата до 16 степени





