Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно облачно со врнежи од дожд и снег, температурата до 4 степени

Денес, сабота, 21 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Температурата во Битола до 4 степени.

Утре, недела, 22 декември во Битола времето ќе биде утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец. Температурата во Битола до 5 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »