–Вчера бевме сведоци на нов новогодишен концерт на Камерниот оркестар на Битола, а поради големиот интерес се одржаа два концерти на задоволство на битолската публика која ја наполни салата на Домот на културата. Но, така беше и пред 10 години, во 2014 година, еден ден пред дочекот на Новата 2015 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
–За новогодишниот концерт немам многу информации. Концертот бил 4. по ред во таа 2014 година и се одвивал под палката на диригентот Иван Кожухаров од Бугарија. Солист бил Игор Дурловски, а на програмата биле дела од Шостакович, Штраус, Брамс и други светски познати композитори, додава Миновски.
Инаку, во таа година, 2014, Камерниот оркестар на Битола започнал да работи под покровителство на НУ Центар за култура, па затоа концертите се одвивале на нивната голема сцена.

Деновиве пред 10 години: новогодишен концерт на Камерниот оркестар на Битола – диригент Иван Кожухаров, солист Иван Дурловски(фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





