Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер ги спуштија кошевите, ги израдуваа дечињата со посебни потреби, играа кошарка, се забавуваа, ги почастија со пакетчиња (фотогалерија)

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес после тренингот, пред утрешниот натпревар со Тиквеш им приредија голема радост за дечињата  основното училиште и реусресен центар “Кочо Рацин“ во Битола .За хуманитарната акција  ги спуштија кошевите на помала висина за да играат со децата со попречености, се дружеа, постигнуваа заедно кошеви, да “забиваат“, заедно да “одржат“ мал комплетен тренинг со учениците и за крај им поделија новогодишни подароци.Ова беше ретка прилика дечињата да се дружат со кошаркарите на Пелистер, а им донесе огромна радост на нивните лица во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Сето тоа помина во фантастична атмосфера, а децата покрај игра и забава  добија и подароци – новогодишни пакетчиња кои им ги поделија кошаркарите на Пелистер. Сите добија пригодни подароци од нивните миленици Лука, Костоски, Бојиќ, Стајиќ, Едвардс, Ташовски, Дарко  и останатите, а присутен секако беше и тренерот Александар Петровиќ, заедно со неговиот стручен штаб. -Имам дете со посебни потреби и потребно е да им дадеме поддршка колку што е можно повеќе и да уживаме со нив секој ден. Ним најпотребна им е поддршката од нас. Мојот син има проблем со церебрална парализа и треба секој ден да се тренира со него, поддршка логопед, дефектолог, физикална терапија и што повеќе социјален живот да се дружи со другите деца, а еден вакон начин на дружење секако ќе им помогне, изјави кошаркарот на Пелистер, Андрија Бојиќ.И кошаркарот Лука Стојановски, како и останатите кошаркари емотивно ја доживеа оваа средба со дечињата со попречености, но “собра храброст“ и рече:-Тешко е да се зборува по една ваква средба со овие дечиња, но ќе кажам во име на сите кошаркати и тренери и управата дека ни е посебно мило што еве на еден ваков начин со игра, со дружење и со мали подароци им направивме еден поинаков ден. Ова е за прв организирано од кошаркарскиот клуб Пелистер, но се надевам дека и во иднана ќе имаме средби со овие дечиња.Директорката на Ресурсниот центар Драгана Кирковска за оваа несекојдневна актовност рече:Уште во разговорите со управата на клубот рековме дека целта е децата да ја почувствуваат атмосферата во оваа спортска сала, а тоа и се случи. Нашите ученици денес за првпат беа тука и играа кошарка. Досега немаа почувствувано такво нешто и беа пресреќни.

Фото: Дамијана Ристевска