Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Тиквеш во Битола и по четири по ред победи дојде до прво место на крајот на годината! (фотогалерија)

Пелистер – Тиквеш 95:88

Кошаркарите на Пелистер со победа во Битола ги завршија напреварите во оваа календарска година, а се играше 12. коло од МТЕЛ првата лига. “Пелистерци“ го победија Тиквеш со резултат 95:88 и со овие нови бодови стигнаа до прво место на табелата, пред екипите на МЗТ и ТФТ.

Кошаркарите на Александар Петровиќ одлично го започнаа натреварот и преку Мишковиќ и Бојиќ првата четртина за завршија со резултат 26:22. Пелистер не само што ја прикажа истата игра од првата четвртина, туку во втората беа подобри, па стигнаа до предност која веќе го најави победникот во Битола. На одмор се замина со резултат 49:38. “Пелистерци“ беа подобри и во продолжението на натпреварот, и по триесет минути игра, односно на крај на третата четвртина има 72:56, а третата четвртина ја добија со 23:18. По решавањето на победникот на натпреварот “пелистерци“ се опуштија во играта, играа без многу напор, а Тиквеш ја намали разликата и помал пораз. Но триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, а одличната серија на крајот од 2024 дава оптимизам и во пресрет на предизвиците што го очекуваат клубот во 2025 година.

Најефикасен кај Пелистер беше Мишковиќ, дабл-дабл, 18 поени и 10 скока, а Бојиќ постигна  16 поени.Како и беше најавено, натпреварот имаше хуманитарен карактер, а Пелистер сите собрани средства од продажбата на влезниците ќе ги донира во Ресурсниот центар “Кочо Рацин“ во Битола. 

 

More from ВестиMore posts in Вести »