На 25.12.2024 во 15.40 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Буковски мост” лишиле од слобода 32 годишник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.12.2024 во 10.50 часот полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36 годишник од Битола, кој бил баран со потерница од Основен суд Битола за издржување на казна затвор од шест години и седум месеци. Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 25.12.2024 во 17.10 часот во просториите на СВР Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 32 години, двајцата од Битола. Имено, тие на патниот правец Битола – Бистрица физички нападнале и со остар предмет се заканувале кон полициски службеници кои дале знак за запирање на патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки. При преглед кај едното лице била пронајдена и марихуана. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.






