Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: марихуана пронајдена кај малолетник, две лица апсени по судска наредба, приведување заради пиротехника

На 26.12.2024 во 18.45 часот на ул. „8-ма“ во Битола  од страна на полициски службеници од СВР Битола  бил извршен преглед на малолетник, при што кај него била пронајдена марихуана. Малолетникот бил приведен во Полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Битола, врз основа на судска наредба го лишиле од слобода 22 годишно лице од село Дихово, битолско, со престој во Битола, за издржување на казна затвор во траење од пет години. Лицето е спроведен во Затвор Прилеп за издржување на казната.

На 26.12.2024 полициски службеници од СВР Битола, врз основа на  наредба од Основен суд Битола го лишиле од слобода 31 годишник од Битола, кој бил баран за издржување казна затвор во траење од една година. Лицето е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 26.12.2024 во 14.45 часот полициски службеници од СВР Битола кај место викано „Јавор” во Битола го лишиле од слобода 43 годишник од Битола. При преглед кај него биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »