Press "Enter" to skip to content

Ги запознаваме најдобрите научници на УКЛО Битола – Весна Антоска Книгхтс

По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги избра најдобрите и најзаслужни научници во академската 2023/24. Ректорскиот колегиум на УКЛО врз основа на извештај од Работна група за проверка на пристигнати пријави за избор на најдобри научници на УКЛО за академската 2023/24 г. ги објави своите најдобри научници.

Пофалница во категоријата најплоден научник на УКЛО е доделена на проф. д-р Весна Антоска Книгхтс од Технолошко – техничкиот факултет – Велес.

УКЛО втора година по ред продолжува со избор на најдобри научници на Универзитетот? Како гледате на промоцијата на науката на УКЛО и значењето на научната дејност за општеството?

-Промоцијата на науката на УКЛО претставува значаен чекор кон создавање академска култура која ги вреднува истражувачките достигнувања и ги мотивира научниците да продолжат со нивната посветеност. Научната дејност не е само основа за личен и професионален развој на научниците, туку и клучен двигател за општествениот напредок. Оваа поддршка на универзитетот, се поттикнува мултидисциплинарнасоработкамеѓу професорите научници од различни области и се обезбедува поголема видливост на нивната работа, што пак придонесува кон подобрување на квалитетот на животот во академската заедницата.

Кое е Вашето поле на научна опсервација и воедно, најважното научно достигнување во оваа академска година?

-Моето поле на научна опсервација опфаќа интердисциплинарни истражувања во применета математика, применета статистика, моделирање и оптимизација, користејки го како алатка машинско учење во инженерство и нутриционизмот. Едно од најважните научни достигнувања во оваа година е развојот и приближување на математичките основи кон предиктивните методите и симулација.

Може ли да ни кажете повеќе за вашиот следен предизвик?

-“Mathematics reveals its secrets only to those who approach it with pure love, for its own beauty.”― Archimed. Водена од оваа мисла, останувам посветена на моето поле на истражување. Дополнително, како раководител на докторските студии на нашиот факултет, се фокусирам на поддршка на докторандите и младите истражувачи во развој на нивните проекти и мултидисциплинарност во истражувањата.

Што според Вас значи да се биде научник и што треба да се направи за да се овозможи попродуктивен научно – истражувачки процес од кој ќе произлегуваат најквалитетни научни трудови?

-Питагора рекол: “The universe is built on harmonies, and numbers are the language of the universe.” За да се овозможи попродуктивен научно-истражувачки процес, неопходно е да се создадат услови за хармонија – лична, професионална и институционална. Тоа вклучува поддршка преку соодветни ресурси, време за посветена работа, колаборативна средина и простор за размислување и иновација. Притоа, важно е научниците да бидат мотивирани од личната страст и љубопитност, но и да бидат свесни за одговорноста што ја носи нивната работа кон општеството. Науката не е само професија, туку животен повик – повик да се открива, да се создава и да се остави наследство кое ќе инспирира идни генерации.

More from ВестиMore posts in Вести »