На 28.12.2024 во 02.15 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Анести Пановски“ во Битола додека извршувале службени дејствија по пријава за семејно насилство од страна на П.К. истите биле омаловажувани, а во еден момент истиот физички ги нападнал при што им нанесол повреди. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 27.12.2024 во 22.00 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 37 годишник од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 27.12.2024 во 13.00 чaсот во СВР Битола, А.Н. (18) од Битола пријавил дека пред ноќен клуб во Битола бил физички нападнат од две лица од Битола.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






