-Битолчани со “Ноќ на нови почетоци“ во Новата 2025 година ќе “влезат“ заедно со Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Димитар Андоновски, Дувачки оркестар, “Блезери“ и група “Фонтана, а сето ова во Битола ќе започне во 22 часот.
Вечерашната вечер, 11. по ред пред Офицерски дом во Битола помина во знал на двете музички групи “Љубојна“ и “Калабалак“, како и настапот на група “Баркод“ и Николче Зацески.
Вечерашните настапи на групите беа како загревање за она што се подготвува за утрешната, ноовогодишна ноќ кај Офицерски дом каде се очекува голем број на битолчани, како и посетители од другите градови од регионот.
А, утре, битолчани новата година ќе ја пречекаат заедно со новогодишната програма во рамките на “Зимската приказна“ насловена како “Ноќ на нови почетоци“.
Битолчани во Новата 2025 година ќе “влезат“ заедно со Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Димитар Андоновски, Дувачки оркестар, “Блезери“ и група “Фонтана, а сето ова ќе започне во 22 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ.
Претходно, во дневната програма ќе има детска театарска претстава „Исчезнатиот Дедо Мраз“, изведба на песни од детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА“ и театарска претстава “Новогодишна неизвесност“ на “Солза и смеа“.
Утре на 31 декември во старата чаршија ќе се одржат детските претстави “Снежна Бајка“ и
“Новогодишна ноќ“ – Детска театарска претстава, новогодишна емисија со 106-ка „Радио 106“, настапите на групите “Плетенка“ и “Маестрал“.
Инаку, “Зимската приказна“ на денешниот ден започа со “Ритамот на новогодишната магија“ на Државно музичко училиште, а продолжи со “Ех да може во зима сладолед да има“ – детска театарска претстава, настап на група “Артиум“ и настап на група “Бон Тон“, а групата “Секвенца“ со „Музика за битолчани“ изведе староградски и народни македонски песни.

“Љубојна“ и “Калабалак“ како загревање за новогодишната ноќ “Ноќ на нови почетоци” и дочекот на 2025 во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- СВР Битола: приведени двајца возачи, едниот возел без возачка, другиот со 1,70 промили алкохол во крвта
- Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Младата пијанистка Мила Нечовска со прв солистички концерт во Битола (фотогалерија)
- Окованделија го отвора новиот циклус: „Артеизам“ – уметноста надвор од мртвата риба
- Концерт на триото “Интерарт“ од Битола во македонскиот КИЦ во Загреб
- Mјузиклот “Као какао“ ќе го отвори 18. битолското културно лето “Битфест“ (фотогалерија)









