Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана и каснувања од кучиња скитници

На 02.01.2025 во 22 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стив Наумов” во Битола  го лишиле од слобода 24 годишник од село Дихово, битолско. При преглед кај лицето била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.01.2025 во 17.00 часот во СВР Битола С.М. (31) од Битола пријавила дека на ул. „Партизанска” во Битола била касната од куче скитник.

На 02.01.2025 во 22.20 часот во СВР Битола У.Т. (21) од с. Граешница,битолско пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.

На 02.01.2025 во 09.30 часот во Полициско одделение Велушина Ф.К. (40) од с.Жабени ,битолско пријавил дека во с.Жабени бил каснат од куче скитник.