Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарени две возила на “Охридска“, украден “форд“, ограбена менувачница на “Рузветова“

На 09.01.2025 во 00.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор на ул. “Охридска“ во Битола настанал пожар во патничко моторно возило „хјундаи гец” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.Д. (63) од Битола. Од пожарот било оштетено и патничко возило „хундаи тусон” со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Б. од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.  Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 08.01.2025 во 20.40 часот во СВР Битола, А.Т. (31) од Битола пријавил дека во периодот од 18.20 до 19.00 часот на ул. “Филип Втори Македонски“ во Битола било одземено неговото патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, кое било оставено отклучено со клуч на бравата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 08.01.2025 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04.01.2025 до 08.00 часот на 08.01.2025 со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И. (67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »