Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсена 59 годишна жена барана по потерница, опожарен стан на “Илинденска“ во “Ушици“

На 09.01.2025 во 11.00 часот на улица “Бранко Радичевиќ“ во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода 59 годишна жена  од Битола. Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На  09.01.2025 во 15.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Битола настанал пожар во стан сопственост на М.П. (67) од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »