На 11.01.2025 во 08.39 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски’’ и ул. „Цане Василев’’ во Битола се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата која учествувале товарно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24 годишник од Битола и товарно возило “нисан“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 41 годишник од Битола.
Во сообраѓајката возилото „фиат“ удрило во пешак 55 годишна жена од Грција, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.






