На 13.01.2025 во 16.30 часот во дворот на црквата „Св. Богородица” во Битола полициски службеници лишиле од слобода 42 годишник бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 13.01.2025 во 19.00 часот во Казнено поправната установа Затвор Битола при извршен претрес на осудено лице на возраст 35 години од Битола, била пронајдена марихуана и таблета. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.01.2025 во 09.45 часот во СВР Битола Б.Ј. (43) од Битола пријавил дека на ул. „Широк сокак” во Битола бил каснат од куче скитник.
На 13.01.2025 во 12.50 часот во СВР Битола Х.П. (29) од с.Кременица, битолско, пријавил дека на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 13.01.2025 во 16.45 часот во СВР Битола А.И.(49) од Битола пријавила дека нејзиниот малолетен син на ул.„Широк сокак” во Битола бил каснат од куче скитник.
На 13.01.2025 во 15.00 часот во СВР Битола А.М. од Битола пријавила дека во рудник Суводол во РЕК Битола била касната од куче скитник.






