Press "Enter" to skip to content

Капитенот Кузмановски: сакам да им бидам пример на дечките на терен и надвор од него

Битолчанецот Филип Кузмановски, капитенот на Македонската селекција синоќа во Вараждин ја одигра можеби најдобрата партија на еден голем ракометен собир и на свој грб ја носеше Македонија до голем бод против силната Унгарија, во првото коло од групната фаза на Светското првенство.

По натпреаварот во “микс зоната“ Кузмановски на кратката средба со новинарите призна дека не паркет беше многу тешко, но е среќен што на овој начин го отворивме шампионатот.

-Изгинавме со една одлична екипа, тактички спремна. Беше тешко да  се игра 60 минути, но добро ги анализиравме и го покажавме тоа. Ќе бидеме скромни, ни фалеше малку среќа да дојдеме до победа. Покажавме како се игра за Македонија, нашата публика ни беше ветер во грб на целиот меч. Што се однесува пак до мојата улога капите, сакам да кажам дека ова е голама чест но и обрска кон тимот, публиката, ракоматарите. Сакам на овие дечки да им бодам пример во секој поглес, на терен но и надвор од него. Сакам да направам сполотеност во соблекувалната, а мислам дека успаваме сите заедно. Тоа се покажа дека е можно. Малку пред натпревар не трогна веста за прерабната смрт на Ј0виќ, но се средивме. Ни следи Холандија, посакувам само да го повториме овој меч и да се радуваме, рече капитенот.

Капитенот одигра капитенски против фаворизираниот противник и успеа да постигне десет погодоци во унгарската мрежа, па заслужено беше прогласен за МВП, за што рече:

-На овој натпревар јас бев прогласен за најдобар играч на натпреварот, но би сакај на следнат средба друг да го има ова признание, а ние да победиме.

Следен ривал на Македонија ќе биде Холандија на 17 јануари, додека на 19 јануари е средбата со Гвинеја.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »