Press "Enter" to skip to content

По оставката на Петровиќ нов тренер на КК Пелистер е Ненад Трајковиќ

Ненад Трајковиќ е тренерот што ќе го води Пелистер од Битола во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона откако управата на клубот постигна договор за соработка со овој ценет и успешен тренер. По одлуката за повлекување на Александар Петровиќ, одлуката на раководството на клубот од Битола беше оваа функција да биде доверена на искусен тренер со беспрекорно реноме во регионот.

Трајковиќ (64 години) ја почна тренерската кариера како асистент во Партизан, а во периодот од 1999 до 2001 година беше и шеф на стручниот штаб на прославениот српски кошаркарски колектив.

Има работено како помошен тренер во Реал Мадрид, извесен период беше и селектор на младинската репрезентција на Југославија, а Трајковиќ мина една сезона и во НБА-лигата, како дел од стручниот штаб на Кливленд кавалирс.

Во 2014 година беше и селектор на репрезентацијата на БиХ, а последен ангажман му беше како предводник на Студентски Центар, успевајќи да го внесе овој тим во елитното друштво на АБА-лигата.

Трајковиќ во Битола ќе дебитира на клупата веќе на мечот со Гостивар закажан за сабота.

Инаку,  Петровиќ кој во целиот овој период ја имаше поддршката на раководството, но самиот донесе одлука да се повлече од кормилото, соопштувајќи ја истата на кошаркарите по последниот меч одигран во Куманово.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »