На 23.01.2025 во 10.05 часот на ул. „Јосиф Јосифовски”во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Н. (52) од Охрид, затоа што во аптека го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал присутните.
По документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.






