Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер го официјализира новиот тренер (фото)

Денес на прес-конференција која се одржа во просториите на кошаркарскиот клуб Пелистер во Битола беше официјализирано доаѓањето на новиот тренер Ненад Трајковиќ, кој од вчера вечер го презеде клубот.

Директорот на Пелистер, Филип Ивановски, го претстави новиот тренер, му посака добредојде и при тоа рече:-Со оглед на новонастаната состојба во клубот, по оставката на тренерот Александар Петровиќ, на кого во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме за се што сработи во клубот, и да му посакаме успех во неговата понатамошна кариера. Бевме приморани брзо да делуваме и како резултат на тоа е денешното официјално претставување на новиот тренер Ненад Трајковиќ. Тој е тренер со огромно искуство од НБА лигата, и во најдобрите европски клубови, а ние со надеваме дека со неговото доаѓање, со пренесување на неговото искуство, со посветеноста во работата и гледањето кон овој спорт, ќе го подигнеме нашето ниво и ќе ги оствариме нашите цели за оваа натпреварувачка сезона.

Ненад Трајковиќ најпрво се заблагодари на убавото добдеројде од страна на клубот и рече:-Се надевам дека после 45 години работа ги имам заслужено овие убави зборови кои ги кажа директорот Ивановски, а се надевам дека и оваа наша најнова соработка ќе биде успешна и дека на крајот сите ќе бидеме задоволни. Каде и работев целта му беше најголем успех, а ќе пробаме и тука. Со голема работа и загалање да надоместиме недостатоците на тимот и со се што располагаме максимално да го искористиме.

За тоа како дојде до ангажманот во Битола, Трајковиќ додаде:

-Јас ја следев македонската кошарка, бидејќи имав понуда од клуб од Македонија и се заинтересирав. Следев и заклучив дека овој клуб е клум со многу здрава основа и дека е клуб кој нема долгови кон кошаркарите, клуб кој работи чесно, а играчите и тренерите кои тука работеле имаат само добри зборови, и сето тоа беше некој предуслов да  се заинтересирам за Пелистер. Во клуб или во некоја компанија каде доцнат платите не може да се очекува 120 проценти залагање, колку што јас ќе барам од кошаркарите. Според тоа ако Управата ја работи својата работа на најдобар начин во вие тешки времиња, да обезбедат средста на време или порано да ја исплатат платата ние можеме од играчите и да очекуваме од нив да го дадат својот максимум, а “улицата мора да биде двосмерна“. Наша задаче ќе биде да ги задоволиме навивачите и лицата кои вложуваат во овој клуб.

-Синоќа од аеродром дојдов во салата и го имав првиот тренинг, а моите помошници ме уверија дека можам да се потпрам на нив, а луѓето од клубот како што е Ивановски и менаџерот Марјан Илиевски добро ме примија и ми објаснија некои работи со кои морав да бидам запознам. Според се што видов првиот впечаток е дека сум дојден во едно семејство, а тоа семејство ме прифати да бидам дел од нив, а јас морам тоа на мој начин да го возвратам, многу да работам и да извлечам максимум од кошаркарите и стручниот штаб. За ова да го наравиме мораме да бидеме вредни, дисциплинирани, да ја оставиме и душата и срцето на паркетот. Сакам битолската публика да го препознае тоа и да ни биде важен поттик и шести играч за да ги оствариме целите кои нема да бидат лесни, но се високи.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »