Празничните денови поминаа, со престој во затворени простории во кафеани, кафулина, затворени тераси, во Битола со малку повеќе калорична храна и пијалок. Сега настапува период кога е потребно да се наполнат батериите за да не се западне во т.н постпразнична или зимска депресија. Затоа тука над градот, само на петнесетина километри од Битола е планината каде се добива сосема друга перцепција, ширина, чист воздух, со белината на снегот кој ја “чисти душата“.
Како и претходните викенди така и овој викенд на ски-патеката “Копанки“, од сончевата тераса на хотел “Молика“, се до планинарскиот дом “Копанки“, како најавивме денес беше дестинацијата за полнење на батериите со супер позитивна енергија, адреналин и релаксација.
Наспроти тмурното магливо депресивно време во Битола, каде маглата беше спуштена многу ниско и целиот град изгледаше депресивно, денешниот ден беше како “измислен“ за престој на планина.
А само кога се искачите над Битола од селата Трново и Магарево, потоа нагоре до Бегова Чешма – хотел “Молика“ таму денес битолчани и гостите од регионот ги очекуваше вистиски рај. А оние кои продолжија со пешачење, до Копанки сино небо, чист воздух, сонце, без ветер и снег само каков посакуваат љубителите на зимските спортови.
На Сончевата тераса “Бегова Чешма“, вработените од хотелот “Молика“ се потрудија да има музика, многу луѓе уживаа во истата со кафе, чај, сендвич…
Тие имаа убав поглед кон стазата на која се спуштаа скијачи, бордери и рекреативци односно сите вљубениците во зимските спортови уживаа во прекрасното време.
На Копанки посебно интересно на жичарницата, топло, сончево време без ветер.
Секој си уживаше на свој начин со слушање музика, разговори, фотографирање, селфи…
Забава не само битолчани туку и вљубеници во зимските спортови од градовите околу Битола уживаа на ски-патеката Бегова Чешма – Копанки, на сончевата тераса “Бегова Чешма, на платото пред домот “Копанки“, кај “Hot Box Копанки“ и секако на жичарницата каде скијачате додека се качуваа, секој на свој начин си се забавуваа.
-Ние сме тука во текот на целата година, а секако дека ни е мило што еве овие викенди кои се зад нас и денешниот прекрасен ден има повеќе посетители. Се надеваме дека сите ќе уживаме во уште некој прекрасен ден или викенд, вели Петар.
Денес се надевам дека ова не се последни денови за скијање, иако патеката е омекната. Се надеваме дека ќе има уште еден снежен бран кој ќе донесе нов снег и ќе ја продолжи сезоната за уште, барем еден викенд. Инаку денес е идеално за скијање, сонце, топлина и без некоја гужва на жичарницата, а можеме да се пуштиме по дваесетина пати и повеќе, што е вистинска привилегија ни кажа Ивана Карајанова која скијаше со својот син Коста.
После скијањето голем дел отидоа во ресторанот на хотел “Молика“ и уживаа во вкусната храна и во поглдот кон Пелистер и зеленилото на боровите Молика.
А фотографиите што ги направивме денес…. Тие зборуваат, без зборови, а секоја фотографија раскажува некоја приказна.
Секоја фотографија прекрасна, бидејќи без оглед каде е направена, изгледа посебно и раскажува приказна за себе. Дали заради синото небо, огреано со сонцето, природата со боровите, снегот…
Тоа беше атмосферата од денешниот ден на ски патеката “Копанки“.
Жанета Ристевска






