На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари. Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални, се претставило дека е од Малта и дека може да помогне да се стекне со наследство на починато лице од Македонија, кое немало законски наследници. Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари тој во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2025 во 21.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа во село Кравари, битолско, бил пронајден починат Б.К. (46) од село Живојно, oпштина Новаци, со престој во село Кравари. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 27.01.2025 во 17.30 часот воБитола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 27 годишник од Охрид, со привремен престој во Битола. При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дробилка, вага и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 27.01.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Батаљон
Стив Наумов” во Битола, патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишник од Битола, удрил во велосипедист на возраст од 52 години од Битола. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.






