По повод свеченото одбележување на 80 години настава на современ на македонски јазик денес во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола се одржа прес конференција за медиумите на која што ја презентираа програмата за свечениот јубилеј. На конференцијата се обрати директорката Лидија Споа која што кажа: 
– Првиот збор на македонски јазик во образовниот процес се одекнал во Гимназијата на 6 феврурари 1945 година. Тогашниот директор на еден свечен чин ја официјализирал наставата на современ македонски јазик со стиховите на Константин Миладинов. За да го одбележиме овај јубилеј од 80 години со моите колеги и нашите талентирани ученици подготвивме програма со која стартуваме на 3 февруари. Во програмата имаме уметнички изложби, награден литературен конкурс, два-уметнички документарни филмови и свечената академија на 6 февруари насловена „Експериментум Македоникум“, на која ќе биде испратена пораката дека нашата литературна историја е дел од светската литературна историја, и дека преку поезијата нашиот литературен и национален идентитет најбрзо влезе во идентитетот на народите на светот.
Исто така се обратија и професорите Никола Трајковски и Софија Бејковска кои се ментори на двата уметничко документарните филмови.
– Учениците од прва 6 изненадија со својата креативност за прв пат подготвија проект со цел да се прикаже минатото и сегашноста и борбата за македонскиот идентитет и национална свест. Филмот е насловен „Прекршени времиња“ изјави професорката Бејковска.
– Во филмот – „Неговиот глас“ зборуваат двајцата академици, поранешни ученици во Горната гимназија, Владо Камбовски и Живко Попов, како и интервјуа на познати лекари, професори, актери кои учеле во Гимназијата. Актери во филмот се Борис Чоревски актер во „Народен тетар“ во Битола и нашиот ученик Борис Граматковски. Овој филм е глас што тивко говори за нас, а силно одекнува низ просторот и времето“, рече професорот Трајковски.
– „Експериментум Македоникум“ нагласува дека низ историјата можеби се правеле парадокси и неправди кон нашиот народ во обидот да се наметне друг идентитет, меѓутоа ние веќе 80 години живееме со потврден идентитет, со јасна цел дека ние сме граѓани на светот и треба да ги задржиме своите луѓе на сопственото тло“ изјави професорката по македонски јазик Даниела Петровска.
– Подготвивме повеќе уметнички изложби со талентирани деца кои учат во Гимназијата. Едната е „Создавам значи постојам“ изложба на слики инспирирани од делата на македонската преродбеничка литература и од современата македонска литература која ќе биде заедно со литературниот награден конкурс на 3 февруари во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола. На 4 февруари изложбата „Портрет цртеж“ од Андреа Расановиќ која ќе биде изложена во Гимназијата на ист ден со изложбата „Историски осврт на автори и уметници кои предавале или учеле во Гимназијата изложена во „Магазата“. И на 5 февруари изложбата со фотографии “Идни спомени“ на Дамијана Ристевска во Фоајето на Центарот во 19 часот за култура изјави професорот по ликовна уметност Димитар Солаковски.
Со низа свечености битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ ќе го одбележи големиот јубилеј 80 години настава на современ македонски јазик. Одбележувањето ќе биде проследено со низа настани од 3 до 6 февруари. Ве покануваме да ги проследите и заедно да го одбележиме овај голем и значаен јубилеј велат од Гимназијата. 
Фото: Дамијана Ристевка






