Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола е запозната со случајот од страна на СВР -Битола и ги охрабрува истражните органи да постапат транспарентно и законито. Како Клиничка болница се оградуваме од постапката на посочениот доктор. Категорично сме против и силно ја осудуваме секоја намера на здравствен работник да оштети пациент на било кој начин и во било која форма. Во овој случај, итно е спроведена постапка за смена на докторот од раководната позиција во Болницата, а во консултација со Министерството за здравство и постапка за суспензија додека трае процесот на истражните органи, секако според важечките законски прописи!

Соопштение од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари
- Кога чаршијата пее, Битола добива фестивал на чалгијата
- СВР Битола: приведувања за напад на татко, за напад на сопруг, пријави за напад од две лица со дрвен предмет
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид
- По Загреб и Битола утре триото “Интерарт“ со концерт во Рим





