Press "Enter" to skip to content

Една извонредно успешна година  – од УКЛО во КОЛОРС:  студентите на УКЛО КОЛОРС

Членството на УКЛО Битола во КОЛОРС Алијансата за само една година го потврдува  централното место на студентите во КОЛОРС. Многу слично како и на самиот УКЛО Битола студентите се во сите процеси – во улога на организатори, реализатори и корисници на ефектите и придобивките.Дел од нив со голема подготвеност и задоволство споделуваат искуства од една успешна година како студенти на УКЛО КОЛОРС, можноста да се  интегрираат со 120 илјади студенти во КОЛОРС, да напредуваат и уживаат во бројни осмислени активности, да доживуваат пријатни, европски искуства.Ева Нешковска, студент на втор циклус на Педагошкиот факултет во Битола, која во повеќе наврати беше ангажирана во активности поврзани со Алијансата КОЛОРС, споделува свои впечатоци за дел од  искуство по настаните: – Искуството е непроценливо. Нема ништо подобро од тоа кога ќе се обедини младешката енергија со огромното искуство на возрасните. Кога тие компоненти ќе се спојат, резултатот е огромен. Јас, но и другите студенти што бевме вклучени во активности на КОЛОРС, имавме можност да се сретнеме со многу луѓе, да воспоставиме нови контакти кои понатаму можат нам, на младите, да ни помогнат во полето на науката, за да може заедно да го издигнеме нашиот Универзитет уште повеќе, и да напредуваме индивидуално и заедно. КОЛОРС ни ја даде платформата кадешто ги покажавме, истестиравме и надоградивме нашите веќе убави бои во извонредни компетенции. И со тоа ја претставуваме и нашата држава и нашиот алма матер.Борис Гушевски, поранешен претседател на Универзитетското студентско собрание УКЛО, студент на Техничкиот факултет, истакнува дека во повеќе наврати, за повеќе настани бил пријатно изненаден од бројноста на посетителите, на граѓаните, а најмногу од бројноста на студентите кои се ангажираа во КОЛОРС. Тој се навраќа кон „Коспејсот“ колаборативен простор, една од придобивките што студентите ја постигнаа благодарение на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. – Сакам да ги охрабрам сите студенти на УКЛО, сегашните и идните, да се вклучат во активностите на КОЛОРС, бидејќи овој проект им нуди многу бенефити за кои допрва, во втората УКЛО КОЛОРС година и  ќе се зборува. Соработувајќи со менаџерскиот тим на УКЛО КОЛОРС и сите вклучени кадри, како и со иновативниот Семафор на задачи за коишто сите можеме да прегледаме, да се пријавиме за некоја задача, да добиеме инструкции и да ја сработиме – се развиваат нашите иновативни и менаџерски компетенции, а и референци за иднина. Поконкретно, семафорот кој веќе има над 100 задачи што студентите ги исполнија во 2024, веќе се користи и во Студентскиот форум за цела алијанса, што покажува колку УКЛО има квалитет и иновативност, во рамништето на европските професионалци. https://uklo.edu.mk/blog/prva-godisna-colours-konferencija/Леа Бошевска беше меѓу поангажираните студенти, учесници во КОЛОРС работилници.  Во нејзините импресии забележани се неколку моменти што и оставиле впечаток како што е работењето во групи, интеракција и вклучување во проблемски теми и концепти за  што нудат и решенија.  неа,  како студент  на Правниот факултет и учесник во УКЛО КОЛОРС, посебно интересни и биле иновативните решенија за актуелни концепти во академските средини:  еднаквост, различност и инклузиja, како и колабораториумот за инклузивно општество. https://uklo.edu.mk/blog/realiziran-masterklas-na-uklo-kolors/За Дарко Трпковски  покрај работење во групи како интересно го наведува поттикнувањето да се размислува и дебатира за конкретен проблем со користење на нови методи – за тоа како да се добија добри идеи и да се понудат применливи решенија. Студентите воедно се неподелени во ставот дека ги радува пристапот дека секој личен став е вреден, особено на младите луѓе кои размислуваат на теми за создавање универзитетска средина каде што сите се прифатени, каде што се вреднуваат различни искуства и способности и каде што на сите им се даваат еднакви можности за учество и успех. https://uklo.edu.mk/blog/uspesna-megjunarodna-studentska-konferencija-2024/Асистентката од Педагошкиот факултет, м-р Марија Стојаноска, воедно учесник  во инвентивниот студентски производ – УКЛО КОЛОРС Студентски магазин, со два публикувани броја, смета дека напорната работа, ентузијазмот и посветеноста на групата студенти од различни единици на УКЛО, ги пренесува активностите на студентите вклучени во различни настани во рамки на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Тоа што Студенсткиот магазин е двојазичен, македонско-англиски, овозможува ова креативно дело да биде видливо и надвор од нашата земја, да го направи УКЛО уште повидлив за пошироката јавност, но и да останат запаметени во универзитетската архива засекогаш сите добри и убави нешта иницирани и реализирани со КОЛОРС, бидејќи, како што  нагласува, студентите навистина имаат што да ни кажат и затоа што нивниот глас вреди да се слушне – овде и сега, секаде и секогаш! Таа, заедно со колеги од прв, втор и трет циклус, беа дел и од првиот курс за Модел на Обединети Нации во Падерборн, Германија, а сега веќе трасираат пат за овогодинешното издание, преку активностите на новооформениот УКЛО-в дебатен клуб АргументУМ. https://uklo.edu.mk/blog/studentski-magazin-uklo-colours-br2/Елена Шалевска, асистентка на Педагошкиот факултет, своите веќе изградени компетенции ги вложи и доразви во бројните активности на УКЛО КОЛОРС и е препознатливо лице на активен и висококомпетентен УКЛО КОЛОРС докторанд. Во потесна соработка со академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, таа стекнува искуство и од комуникации и проектен менаџмент, што овозможуваат сестрано мултидисциплинарно профилирање на подмладокот на кадри на УКЛО.Студентите вклучени во УКЛО КОЛОРС, околу 30-тина во тимот на проектот, и уште толку од целиот УКЛО, донесоа нова енергијата за сите млади луѓе, „разбудија“ многу процеси, активираа нова полетна  динамика. Адресираат  предизвици и  се справуваат со нив. Организираат и учествуваат во активности со научен предзнак благодарение на  Универзитетска студенстка конференција, одржуваат бројни работилници, учестваат на натпревари и спортски активности, настани од забавен и интерактивен карактер, со цел вмрежување на студентите на европско ниво.Ова се само неколку напомени од плејадата на активности и настани во 2024, со коишто се заокружува првата година на УКЛО како дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС – со интензивно дејствување како STUDENTS OF COLOURS, вклучени во сите тела на европскиот Универзитет. КОЛОРС го чувствуваат како платформа за градење компетенции низ работа, за ко-креација, менторство…интересни кованици  чии називи означуваат спојување, фузирање, обојување. И тоа продолжува во 2025 со посилен интензитет, на пат кон градење на Европскиот Универзитет на иднината. Ова е патот за европска диплома, од својата држава дома.

More from ВестиMore posts in Вести »