Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) свечено ги додели наградите за 2024 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“.
Втората награда беше доделена на новинарката Емилија Мисирлиевски од Битола за новинарска содржина емитувана во рамките на истражувачкиот магазин „Код“ на ТВ Телма со наслов „Загаден воздух и еколошка правда“, во кој се обработува темата за загадувањето во Битола и негативните ефекти од тоа.
Првата наградата е доделена на новинарот Мартин Пушевски за сторијата со наслов „Аерозагадување – има решенија за горливиот проблем, нема храброст“, објавена на Македонската радио телевизија.
На свечениот настан свои обраќања пред присутните имаа претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Jаин и постојниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, како и наградените новинари и претставници на комисијата за 2024 година.






