-Во мојот живот сум видел на два-три пати поплади во Битола и Пелагонија, но поплавата во 2015 година можам да кажам дека беше најголема. Во зима, во јануари не знам дали имало некогаш вакви големи поплави, туку биле на пролет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроначар на Битола и доајен на битолското новинарство.
–Слика на Пелагонија во 2015 година многумина ги потсетуваше на периодот од 1961 година, кога Пелагонија буквално беше под вода и кога од големите водени бранови паднаа мостовите кај селата Брод и Скочивир. И тогаш Пелагонија и во 2015 наликуваше на едно големо езеро, како изгледало некогаш Пелагониското блато, пред истото да се исуши, за што сум пишувал во моите книги, вели Миновски.
Уништени беа неколку илјади хектари земјоделска површина, посеани со пченица и јачмен се речиси наполно уништени, а под вода се наоѓаат и огромни површини посеани со пченка маслодајна репка…
Сите надлежни институции во Новаци и Могила, во соработка со кризните штабови и Центарот за управување со кризи, деноноќно ја следеа состојбата и прават се да ги спречат водите да не дојдат до домовите и доколку е тоа можно да ги санираат последиците.
Во Пелагониското поле, најмногу настрадаа површините на Земјоделскиот комбинат “Пелагонија“. Од вкупно 2.000 хектари поплавени површини речиси 1.700 ха. се на комбинатот Пелагонија, а останатите 300 хектари се на индивидуални земјоделци. Беше ископан канал пред Новаци за да се спасат куќите од поплавите.
За да намалат последиците и да се спаси Новаци од поплави беше ископан патот Битола – Новаци и изграден на новиот монтажен премин, кој за рекордно време го направија стручните екипи на РЕК “Битола“ и ФОД, и со се пушти и патниот правец Битола – Новаци, кој неколку дена по пресекувањето на патот, и по него можеа да се движат и лесни и тешки товарни возила и градежните машини кои работат во РЕК “Битола“.
Во поплавите што ја зафатија општината Новаци настрадаа многумина. Но, покрај ЗК “Пелагонија“, најмногу штета претрпе Фабриката за минерална вода “Визар“, кој ја полнеше водата “Суна“. За време на поплавите, поставување на монтажниот и привремениот мост во Новаци дојде целиот политички врв, тогашниот премиер Никола Груевски, а кај Тополчани тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, каде беше извршена санација на коритото на река Црна.

Деновиве пред 10 години: големи поплави во Пелагонија, пресечен патот, привремен мост, државниот врв во Новаци… (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- In memoriam: дипл. арх. Димитар Ивановски – Митац
- Деновиве пред 10 години: 7. издание на Фестивал на музика од светот во Битола, настапи Наташа Атлас (фото)
- Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело на Општина Битола за проф. д-р Георги Здравев (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: како во октомври 2015 изгледаше стадионот под Тумбекафе и како беше околу него (фото)
- Деновиве пред 10 години: каков тим имаше Пелистер волеј во 2015 година на турнирските натпревари (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- НТБ Битола вечерва со премиера на “Магбет“ свечено ќе го отвори Шекспир фестивалот и ќе го прослави 81. роденден (фото)
- Дијабет на работа- обука за вработените во Подружница РЕК “Битола“
- “Bv Business Group“ ги избра победниците на поетскиот конкурс “Есен во Битола”
- Битола прв град во земјата со современ пристап кон управување со отпад
- Во Битола сончево, температурата до 16 степени










