На 01.02.2025 во 14.30 часот во СВР Битола 62-годишна жена од битолско пријавила дека во ноември 2023 година преку социјалните мрежи стапила во контакт со лице од Романија, која и кажала дека има сериозни здравствени проблеми, дека нема семејство, а има заштедено 590.000 евра и дека сакала да и ги подари на пријавителката. Пријавителката од ноември до денес преку апликацијата WhatsApp комуницирала со лице кој се претставувал како адвокат, а уплатила и 34.890 евра, кои наводно биле потребни за спроведување на постапката. Но, бидејќи парите не ги добила, сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.02.2025 во 09.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 64 годишник, удрило во пешак на возраст од 89 години, двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 31.01.2025 во 21 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино лоцирано на ул.“Прилепска“ во Битола две лица од Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.02.2025 во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека била извршена тешка кражба во сточна фарма во атар на с. Секирани, битолско во сопственост на 60 годишник од с. Секирани, при што биле одземени повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






