Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден 17 годишен моторциклист, пријава за напад врз ученичка од наставничка

На 07.02.2025 во 16.03 часот во СВР Битола било пријавено дека на  ул.„Билбил камен” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи” без регистарски таблички, управуван од 17 – годишник од село Братиндол, битолско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од 26 од Битола од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
 
На 07.02.2025 во 17.50 часот во СВР Битола, Д.Т. (35) од Битола пријавила дека во основното училиште во кое учела, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од наставничка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
More from ВестиMore posts in Вести »