Press "Enter" to skip to content

Разгледани можности за соработка меѓу ФИКТ од УКЛО Битола и Министерстото за економија (фотогалерија)

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, единица на УКЛО, денеска беше домаќин на заменик министерот за економија, Марјан Ристески и делегација од УНДП, канцеларија во Скопје.-Наша цел беше да ги запознаеме гостите со работата на Универзитетот, да ги разгледаме можностите за соработка и да презентираме веќе реализани проекти – изјави ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски.При обиколката на ФИКТ, неизбежна беше и посетата на Лабораторијата за виртуелно инженерство и апликации со опрема набавена од страна на Ректоратот во рамките на проектот SOLVE, финансиран од Европската Унија.-Ja покажавме опремата која околу една година е во функција и со која студентите, но и сите други на кои им е потребна стручна обука, можат да добијат своја пракса во виртуална реалност, како последен чекор пред да одат во реалната пракса по фабрики, по нивните работни места и така натаму.Заменик министерот за економија, Марјан Ристески во рамки на престојот на ФИКТ, посочи:-Имавме можност да посведочивме за квалитетот на студиските програми и искористеноста на новите технологии во едукацијата на студентите на УКЛО. Се гледа дека се она што е применето како програми и иновации се користи во Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ – Битола, а тоа е многу добро, не само за развој на студентите, туку и подобрa едукативната настава. Тоа е фактички една симбиоза на професорскиот кадар со студентите за развој на нови технологии, со цел не само подобрување на едукацијата, туку и внесување на овие методи и во реалниот сектор, односно стопанството.Со силни впечатоци од прикажаното беа и претставниците од УНДП, канцеларијата во земјава. Ана Чернишева, заменик раководител изјави:-При денешната посета на УКЛО и на две битолски фирми, се запознавме со неколку вчудоневидувачки проекти за економски развој, вработување на младите и нивно задржување во земјава и во таа насока даваме целосна поддршка на државата.

More from ВестиMore posts in Вести »