Press "Enter" to skip to content

Прв Климатон во Битола (фотогалерија)

Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола единица на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола денеска и утре е домаќин на 50 студенти, средношколци, ентузијасти, учесници на првиот Климатон во Битола, организиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан и Општина Битола.Настанот е структуриран како интензивен дводневен хакатон на кој пријавените тимови работат на развивање решенија за еколошки предизвици специфични за Битола, како загадување на воздухот, енергетска ефикасност, управување со отпадот и сл.-Очекуваме младите да понудат некои креативни решенија, иновации во поглед на решавањето на проблемите предизвикани од климатските промени, рече во изјавата за медиумите ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, кој на отворањето на настанот ги охрабри учесниците да се вложат максимално и да бидат исклучително креативни.-Немојте ништо да ве спречува да ги презентирате и вашите најлуди идеи за справувањето со загадувањето на воздухот и климатските промени. Хакатоните се за тоа. Не класични решенија, не некои клишеа да се понудат. Вие со вашата младост, вашата креативност да понудите решенија што нам, на повозрасните, на експертите или на политичарите, никогаш нема да ни текнат дека се возможни. Затоа, бидете креативни. Се она што имате како најлуда идеја, поврзана со климатските промени и загадувањето, презентирајте го, направете од тоа бизнис идеја, бизнис план, апликација и така натаму.На Климатонот и УКЛО КОЛОРС учествува со свој тим, предводен од проф. д-р Рената Петревска Нечкоска.-Прво ја видовме објавата и интересно ни беше што е Климатон. Значи нешто што можеме ние како индивидуи да придонесеме за нашето живеење и нашиот дом. Втор е моментот на КОЛОРС, бидејќи КОЛОРС ќе организира хакатони, а ние сакаме да го трасираме патот. Ги имаме нашите студенти, кои што од прва рака учествуваат, ги имаме нивните и нашите идеи, имаме сè. И затоа сакавме да се собереме и да го испитаме и тој пристап со директна вклученост.-За нас, како Општина Битола,многу е значајно да имаме иницијативи кои доаѓаат од млади луѓе за тоа како да ја подобриме животната средина, како да се справиме со загадувањето, изјави Борче Димитровски, секретар на Општина Битола.-Оваа иницијатива е значајна и се надевам дека ќе биде продуктивна, бидејќи на темата на зелена транзиција или енергетска транзиција, која што е директно поврзана со климатските промени, и Општина Битола е активно вклучена, но секој е добредојден, сакаме повеќе страни да се вклучат. И навистина ми е посебно драго што токму младите ќе бидат тие кои  што ќе бидат директно вклучени во тој процес и очекуваме една нова енергија, нов инпут кој што ќе биде значаен во иднина.Учесниците денеска и утре ќе работат на своите проекти, менторирани од професори и експерти од областа на бизнис и ИТ секторот, а утре ќе ги презенетираат пред комисија која ќе ги оценува и ќе ги избере најдобрите.-Најдобрите ќе бидат парично наградени од страна на организаторите и спонзорите. Наградениот тим ќе треба да ја доработи бизнис идејата до конечно решение, посочува деканот на ФИКТ, проф д-р Благој Ристевски.Climathon е глобална иницијатива на EIT Climate-KIC, водечка европска агенција и заедница за климатски иновации, која обединува 60-тина градови кои бараат решение за клучните климатски предизвици ширум светот. Се организира од 2015 година, а досега се вклучени околу 600 организатори и одржани 1.000 настани со над 30.000 учесници. Битола за прв пат се приклучува на ова глобално движење.

More from ВестиMore posts in Вести »