Press "Enter" to skip to content

Митревски по третата победа на Еурофарм Пелистер во ЛШ: Динамо е државен проект не е лесно да се победи

Синоќа во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа третата победа во Лигата на Шампиони во групната фаза, а еден од ракометарите кои ја донесоа победата над Динамо Букурешт е голманот Никола Митревски.

Митревски имаше 16 одбрани, а во нив влегува можеби најважната, 16. по ред во последните секунда, а токму таа му донесе победа за својот тим. Со оваа подеда Еурофарм Пелистер ги задржа шансите за осминафинале во Лигата на шампионите. 

По натпреварот Никола Митревски рече:

-Им честитам на моите соиграчи и на публиката за фантастичната атмосфера. Динамо е државен проект со дваесетина врвни ракометари. Знаеме дека вложуваат многу и дека се неприкосновени во својата земја, но ние успеавме да ги победиме.  Сите имаат заслуга за оваа победа, среќни сме што успеавме да ги освоиме бодовите и сега одиме напред, со мислите сме на следниот натпревар против Фуксе Берлин во Германија.

Еурофарм Пелистер има вкупно осум бода во групата “А“ на Лигата на шампиони.