По повод 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во присуство на пратеничките во Собранието на Република Македонија д-р Олга Лозановска и проф. д-р Силвана Ангелевска, се одржа трибина “Македонскиот јазик – корен на нашиот идентитет“ на која предавачи беа Јулијана Мирчевска, Весна Димовска, Билјана Зацевска – Силјановска, Лидија Споа, Сара Груеска, Викторија Брдаровска, Марина Стефановска Јовчева.
-Ова е само уште еден чекор во нашата заедничка мисија за зачувување и негување на нашиот македонски јазик и културното наследство, порачаа организаторите на трибината УЖ ВМРО ДПМНЕ Битола и Комисија за образование ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
Настанот привлече голем број присутни, кои имаа можност да слушнат инспиративни говори за значењето на мајчиниот јазик во зачувувањето на културниот и националниот идентитет.






