Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: апсење за дрога и за нарушување на јавен ред и мир и пронајдена стара граната

На 22.02.2025 во 22.40 часот на патот за село Ротино, битолско, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица од Битола, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. 
 
На 22.02.2025 во 14.10 часот во продажен објект на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 32 годишно лице од Битола зато ашто го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 22.02.2025 во 10.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија во с. Мегленци, општина Новаци, била пронајдена неексплодирана граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм која потекнува од Првата светска војна. Извршен бил увид.
More from ВестиMore posts in Вести »