Денес, понеделник, 24 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, вторник, 25 февруари, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Во текот на денот ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 6 степени.






