Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (24.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 80 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 43 платни налози.
Според статистичките показатели од вкупно 373 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 22 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –14 како и 4 возачи кои што управувале нерегистрирани возила.
Покрај ова изречени се и 7 мерки по основ на говорење на мобилен телефон при возење, како и 12 мерки за непрописно паркирани возила. Од вкупно 32 алкотесирани возачи кај еден возач констатирано е присуство на алкохол при што истиот е отстранет од сообраќај.
Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.






