На 24.02.2024 во 07.30 чaсот во СВР Битола, А.П. (19) од Битола пријавил дека во близина на новиот пазар на ул. “Партизанска” во Битола бил физички нападнат од две лица кои употребиле и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.02.2025 во 15.50 часот на ул. “Цветан Димов” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 41 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет го нападнал неговиот малолетен внук од брат и му нанел повреди. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден (25.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 87 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 25 платни налози. Според статистичките показатели од вкупно 400 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 37 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –7, како и 2 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова изречени се и 5 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 7 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 13 непрописно паркирани возила.
На 25.02.2025 во 13.10 часот во СВР Битола, Д.П. (75) од Битола пријавила дека на ул. “Партизанска” во Битола била касната од куче скитник.





