Press "Enter" to skip to content

По поразот на Еурофарм Пелистер од Фуксе Берлин без шанси за пласман во наредната фаза од ЛШ

Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер 39:29 (15:12)

Еурофарм Пелистер од Битола е поразен на гостувањето во Германија во предпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Со овој пораз со резултат 39:29, полувреме 15:12 “пелистерци“ ги загубија шансите за пласман во наредната фаза од натпреварувањето.

По добриот старт во почетните минути “зелено-белите“ влегоа во мини-криза и Фуксе со пет врзани гола поведе со 5:1, по што следуваше тајм-аут за Алонсо. Паузата не донесе пресврт, туку се зголеми разликата на 7:1. Погоди Кузмановски, Митревски одбрани неколку топки и предноста на домаќинот се стопи на 9:5. Се играше гол за гол, погодување капитенот, Ивиќ одбрани два напади, а на полувреме се отиде со резултат 15:13.

На старто на второто Фуксе не ја искористи предноста од играч плус, па водството на Фуксе се намали на само +2. Следуваа добри минути за Гидсел, а Берлин повторно се врати на +6 (25:19). Германците  дојдоа до +8, па до крајот на натпреварот беше само рутина за нив.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер бес Кузмановски со седум и Шабиб со шест гола.

Во последното коло Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека францискиот гигант ПСЖ.

More from ВестиMore posts in Вести »