Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 11 возачи возеле без возачка, приведување за агресивно однесување…

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (05.03.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 94 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци, а наплатени се 20 платни налози. Од вкупно 389 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 37 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –11, како и 3 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова изречени се и по 6 платни налози по основ на некористење сигурносен појас и 8 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 7 непрописно паркирани возила.Од вкупно 45 алкотестирани возачи кај еден возач откриено е присуство на алкохол, при што истиот е отстранет од сообраќај.

На 05.03.2025 во 14.10 часот на ул.„Столарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 41 годишник, од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 05.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола, З.Г.(61) од Битола пријавил дека  во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.

На 05.03.2025 во СВР Битола, К.Џ.(43) од Битола пријавил дека на бул.„1 Мај” во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »