Александар Костоски е оптимист во триумф над Работнички на престојниот натпревар кој се оддигра во Битола во недела, кој иако има 37 години, а и на оваа возраст е еден од најдобрите плејмејкери во Првата лига. Костоски тоа го покажа и на последниот меч со Шкупи на кој одлично диригираше со нападите на “пелистерци“, за убедлива победа на „зелено-белите“ во СРЦ Кале во Скопје.
-Сакавме да се реваншираме на Шкупи за поразот на домашен терен, да не дозволиме такво нешто да ни се повтори и на вториот дуел со овој ривал. Со самото тоа, пристапот во мечот, енергијата, желбата за победа, се беше на највисоко ниво уште пред да почне натпреварот. Целата работа ја завршивме во првото полувреме, направивме голема разлика што ни донесе мирен финиш и убедлива победа на крајот. Сите знаеме дека можеме и мораме да изгледаме многу подобро на терен од она што беше прикажувано изминатиот период, мислам дека полека се навикнавме на принципот на работа и системот на игра што го бара од нас новиот тренер. Секој меч до крајот на сезонава ќе биде многу важен за што подобар пласман пред стартот на плејофот, јас лично верувам во Пелистер, дека во вистински момент ќе влеземе во топ-форма и дека ќе се бориме за остварување на највисоките цели и амбиции што беа поставени на стартот од сезоната, изјави Костоски.
Веќе во недела Пелистер го очекува тежок и исклучително важен дуел, во Битола доаѓа тимот на Работнички, кој е директен ривал на „зелено-белите“ во битката за што подобар пласман на крајот од лигашкиот дел.
-Пред нас е дерби натпревар кој е многу важен и за двете екипи. Мораме да ја сочуваме оваа убав аи позитивна атмосфера што владее во последнио тпериод, и со уште поголема енергија и мотивација да тргнеме по победа над Работнички. Играме на домашен терен, пред нашата верна публика и желни сме да прикажеме добра игра и да оствариме позитивен резултат, за уште поголемо кревање на атмосферата не само во тимот, туку и во спортска Битола пред клучниот дел од сезоната, порачува одличниот плејмејкер на „пелистерци“.









