Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во три апсења, приведени пет лица за дрога

Денеска (08.03.) во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 31 и 30 години, двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

Денеска (08.03.) во 01.45 часот,  на улицата „Партизанска“  во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34 годишно лице бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена  грутчеста материја. По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 07.03.2025 година во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката“  во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица од 34 и 29 години, двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »