Press "Enter" to skip to content

За Франкофонската пролет во Битола 

Во оваа, 2025 година, има не една,не две,туку дури ТРИ причини повеќе за одбележување на франкофонската пролет во Битола . Под мотото 30+25+20 = равенка на успехот, се слават три значајни  годишнини. 30 години Француски конзулат, 25 години Француска Алијанса  и 20 години билингвална паралелка во гимназијата Јосип Броз Тито.

Почнувајќи од пролетва, па во текот на целата година, заеднички, со низа активности, настани и случувања ќе се празнуваат годишнините односно  богатството на францускиот јазик и  француската културна особеност.

Започнуваме на 13 март со дебата , во организација на Францската Абасада во Скопје во соработка со EU House Bitola, со младите, студентите од УКЛО, учениците,претставниците на НВО, на тема: “Дали има алтернатива за ЕУ ,низ случајот на Чешката Република и процесот на нејзиното приклучување кон ЕУ“. Наш гостин, главен говорник е господинот Лукаш Мацек, истражувач, експерт за европското проширување  во  Институтот Жак Делор и Директор на Кампусот за политички науки во Дижон.

На 20 март Меѓународниот ден на Франкофонијата, традиционално, со поддршка на Општината,  Саат кулата ќе биде осветлена  во боите на француското триколорно знаме и истата вечер ќе биде организирана Француска гастрономска вечер  во ресторанот Кускус. А специјален гостин, којшто ќе го приготви десертот е нашиот ученик во Француската Алијанса Шеф Павел.

На 26 март , на платото пред Офицерскиит дом, ученици од училиштата  во кои  се спроведува проектот за сензибилизација и ученици од билингвалните паралелки во гимназијата Јосип Броз Тито ќе учествуваат во креативната работилница на создавње Колаборативна фреска на Франкофонијата и, под менторството на уметничката Љубица Солак , со музичка придружба, низ цртежи  и слики, на платно ќе ги пренесат универзалните вредности на Франкофонијата. Настанот е со поддршка на Францускиот Институт од Скопје,  Општина Битола, училиштата ,  Француската Алијанса, Грчкиот и Францускиот конзулат и EU House Bitola.

Истиот ден, во 20,00 часот , во киното Манаки,  ќе има премиерна проекција на филмот „Секогаш ќе ги гледам вашите лица“ добитник на престижната француска филмска награда Цезар за споредна улога,  Цезар награда од гимназијалците и уште 8 други номинации.

Во наредниот период се совпаѓа и традиционалната размена помеѓу учениците  од гимназијата Јосип Броз Тито и учениците од среднто училиште од Кутанс, Нормандија. Средношколците секоја година работаат заеднички на еден проект, а оваа година  тоа ќе биде реализација на еден филм.  И  меморијалната свеченост на Француските воени гробишта со којашто вообичаено го завршуваат престојот во Битола, е дел од традицијата. Оваа година тоа ќе се случува на 01 април, со почеток во 11 часот.

Одбележуањето на Франкофонијата на национално ниво ќе се заоружи во Битола,  со концертот на францускиот џез пијанист Лоран Кулондр, на 17 апрул , со почеток во 20,00 часот, како дел од отворањето на Џез фабрика фестивалот во чија реализација француските уметници  се редовни гости.

Заокружувањето пак на нашата, франкофонска пролет во Битола ќе се  случи на 30 мај кога, во просторот на EU House Bitola, нашиот партнер,  ќе ни гостува  реномираниот  професор , француски алумнист и декан на Филолошкиот факултет во Скопје проф. д-р Владимир Мартиновски. Овој сестран уметник и познавач на француската книжевност ќе не понесе на едно патување и откривање на француската поезија и нејзината симбиоза со музиката и уметноста воопшто.

Периодот што следи ќе биде исполнет и со приредби во училиштата, караоке забави за средношколците,организирано патување за учениците од основните училишта и присуство на Националната франкофонска прослава во Свети Николе.

И,тоа не е сè.Програмата  ќе има и други, дополнителни изненадувања.

И најпосле, нашата порака:Франкофонијата  обеднува милиони луѓе во светот, па затоа ве повикуваме да бидете дел од нашите настани, да ни се придружите за  да ја спознаете нејзината разноликост, нејзината убавина. Не пропуштајте ја оваа уникатна можност , оваа пролет да се потопите во светот на франкофонската култура, да се инспирирате, да го откриете нејзиното волшепство.

Со благодарност за поддршката,за соработката со нашите партнери: Општина Битола , основните училишта,  гимназијата Јосип Броз Тито,  EU House Bitola,  КИЦ, НУУБ “Св. Климент Охридски“ и другите културни институции.

More from ВестиMore posts in Вести »