Press "Enter" to skip to content

“Жена 360 степени – инспирација во сите улоги“ настан на Советот за женско претприемништво (фото)

Во организација на Советот за женско претприемништво со поддршка на општина Битола и Комисијата за еднакви можности во Советот на општина Битола во “Утопиа-Бизнис“ клубот се одржа настанот на тема „Жена 360 степени- Инспирација во сите улоги“.На настанот присуствуваа голем број жени со докажан успех во бизнисот и претприемништвото, политиката, образованието итн.-Настанот ги собра на едно место инспиративните жени од бизнисот, кои со своите искуства, идеи и визии го поттикнуваат растот на женското претприемништво и личниот развој. Посебна чест беше присуството и обраќањето на градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски, кој ја нагласи важноста на женската енергија во сите сфери на општеството. Овој собир беше повеќе од настан – беше момент на мотивација, вмрежување и зајакнување на жените да продолжат да се поддржуваат, растат и инспирираат една со друга. Жената е столб на успехот – во семејството, бизнисот и општеството! Заедно креираме иднина каде жените се уште посилни и поуспешни!, рече проф. д-р Моника Марковска.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, го поздрави одржувањето на ваков настан и во своето обраќање ја потенцираше важноста и истовремено поддршката за жените, во сите сегменти од општественото живеење.-Со целиот свој труд и ангажираност, жената е вистински столб на семејството, но и на општеството. Таа е истовремено мајка, сопруга, професионалец, лидер, поддржувач и визионер, внесувајќи посебна движечка сила во сите области во кои е вклучена.Токму затоа, наша обврска како локална самоуправа е да дадеме поддршка и да создадеме услови, жената да може успешно да ги реализира своите потенцијали, во образованието, спортот, културата, претприемништвото. Еден од нашите најважни проекти во оваа област кој го започнавме минатата година, преку Програмата за еднакви можности е токму формирањето на Советот за женско претприемништво, со кој дадовме поддршка на идејата женските бизнис искуства, да создаваат нови успешни приказни, преку обуки на жени кои сакаат да започнат бизнис.

More from ВестиMore posts in Вести »