На 31.03.2025 во 18.10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 31 и 29 години, двајцата од Битола. При контрола на возило „фолксваген голф“, кое го управувало едното лице., совозачот нападнал полициски службеник, а возачот ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија. По целосно документирање на настанот, лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.04.2025 во 00.50 часот во СВР Битола, А.Н. (31) од село Поешево, битолско, пријавил дека на ул. „Батаљон Стив Наумов” во Битола бил физички нападнат од лице од с.Долно Оризари, битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.03.2025 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Индустриска” во Битола бил одземен трактор „фергусон“ со битолски регистарски ознаки на кој имало прикачено механизација, сопственост на С.Т.И. (45) од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на тракторот.
На 31.03.2025 во 12.15 часот на ул. „Дебарска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 38 годишно лице од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во казино на ул. „Широк сокак” во Битола со остар предмет се заканувал на 41 годишно лице од Ресен. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






