Press "Enter" to skip to content

Трет саем за вработување, практикантство и стипендии на Техничкиот факултет – Битола (фотогалерија)

Денеска на Техничкиот факултет – Битола се одржа третиот Саем за вработување, практикантство и стипендии – мост за поврзување на компаниите од регионот со студентите – идни инженери и средношколците- идни студенти на УКЛО.Над 25 компании ја презентираа својата дејност, а студентите лично се претставуваа пред потенцијалните работодавачи, ги изнесуваа своите идеи и очекувања како нивни практиканти и можни вработени.Ваквиот начин на соработка на УКЛО со бизнис секторот го поздрави ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски.-Фактот дека на Саемот има толку многу фирми од регионов, скоро сите приватни, значи дека тие во Техничкиот факултет гледаат партнер, гледаат институција, одкаде што можат да рекрутираат млад кадар – рече ректорот Неделковски.Според него, присуството на толку голем број студенти кажува дека студентите се и тоа како заинтересирани, уште во текот на студирањето да стапат во контакт со потенцијалните работодавачи и веднаш потоа се вработат.-Посебно ме радува присуството на средношколците. Тоа кажува дека тие ја гледаат својата иднина на Техничкиот факултет, што на три начини ја го потврдува квалитетот на Факултетот и на Унивезитетот во целина, додаде Неделковски.Техничкиот факултет – Битола има одговорност не само за трансфер на знаење, туку исто така и да ги усогласи своите студиски програми според потребите на стопанството и пазарот на трудот.Затоа соработката со стопанските субјекти е од големо значење, а нивното претставување на Саемот од година во година се зголемува, нагласува и деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов, кој нагласи:-Имаме позитивно искуство и во делот на практикантската работа и во делот на стипендирaњeто, а исто така и во делот на вработувањето. Радува фактот што компаниите кои што биле изминатите години, и сега се појавуваат на овој Саем. Исто така имаме и нови компании кои што самоиницијативно се пријавија да учествуваат.Деканот Костов, воедно нагласи дека е зголемен интерсот за запишување на Техничкиот факултет.-Морам да кажам дека последната година имавме зголемен интерес за пишување на Техничкиот факултет, Во бројки тоа значи некаде 30% поголем број запишани бруцоши во однос на предходната година и тоа во услови кога бројот на матуранти на ниво на држава е намален за 5%).И студентите се задоволни од организирањето на саемот.-Овој саем за нас студентите е од голема важност, затоа што е еден од најефекасните начини на кој што можеме ние студентите да се врзиме со реалниот сектор. Тоа го потврдува и моето искуство. Јас преку овој Саем станав стипендист на компанијата ЕВН Македонија. Ова ми е трета година како стипендист и сум прилично задоволен, па се надевам и на вработување во истата компанија, изјави Борис Гушевски, студент на Техничкиот факултет.Инаку, на Саемот за вработување, практиканство и стипендии на Техничкиот факултет – Битола со свој штанд се претстави и Кредо центарот на УКЛО, особено интересен за посетителите од средните училишта од Битола како идни студенти на УКЛО.Кредо центарот на настанот имаше значајна улога во претставувањето на студиските програми и од другите единици на Универзитетот и можностите што ги нуди Алијансата КОЛОРС, чија членка е УКЛО.Саемот уште еднаш ја потврди важноста на соработката меѓу академијата и индустријата, со цел обезбедување подобри можности за студентите и унапредување на инженерскиот кадар во регионот.